ГДУ апелира до сите пратеници во Собранието интересот на граѓаните да го стават пред партискиот и да делуваат разумно.
ГДУ бара под итно пратениците во Собранието да изгласаат намалување на акцизата за дизелот и да не се обидуваат ниту власта, ниту опозицијата од вакви теми кои удираат директно по џебот на граѓаните политички да профитираат.
– Како што по „скратена постапка“ дизелот поскапе, така и да поефтини без изговори, без убедувања и без политички препукувања – велат од ГДУ.
Според ГДИ, смачено им е на граѓаните да ги гледаат собраниски циркузи, да ги слушаат парламентарните партии како меѓусебно се обвинуваат, со цел политички да профитираат, бизнис елитата да си ужива, а граѓаните да се мислат како ќе издржат до крајот на месецот.
-Цената на дизелот од 46 денари се зголеми на 62 денари во моментов. Речиси секоја втора недела има поскапување. Како што расте цената на нафтата растат цените на производите кои граѓаните секојдневно ги купуваат. Зголемени трошоци имаат и оние семејства кои се греат на овој вид гориво. На удар се и земјоделците, бидејќи земјоделските машини се на дизелски погон. Што е следно? Ако продолжи да поскапува дизелот треба да очекуваме и зголемување на цените во градскиот и меѓуградскиот сообраќај, па и на такси превозот?Доста се задира во џебот на работниците и сиромашните граѓани! – велат од ГДУ.
ГДУ апелира до сите пратеници во Собранието интересот на граѓаните да го стават пред партискиот и да делуваат разумно.