Англиската спортска јавност и сите големите фудбалски ѕвезди од Островот, па и пошироко се сплотија во изминативе два дена и на различни начини беше испраќана максимална поддршка за шокатната здравствена состојба на Сер Алекс Фергусон, легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед кој во саботата имал мозочен удар.
Популарниот Ферги истиот ден беше итно опериран и оттогаш беше вештачки држен во кома од лекарите во Лондон каде што му беше направена интервенцијата од врвни експерти во оваа област, а пред неколку часа пристигна и првата позитивна вест за подобрување на неговата здравствена состојба, што експресно наиде на воодушевување од целиот фудбалски свет.
Угледниот „Дејли меил“ изелзе со своја ексклузива која ја добил од страна на најблиските луѓе на харизматичниот Шкотланѓанец, а во истата се вели дека Фергусон се разбудил од кома и дека почнал да ги дава првите симптоми за добивање на најтешката битка во својот живот.
Веста на респектабилниот и реномиран медиум ја пренесе речиси целокупната англиска спортска јавност, во која уште е пренесена и првичната реакција која ја имал Фергусон. Непосредно откако се разбудил, Ферги бил контактибилен и почна да зборува со своето семејство, а меѓу првото што побарал биле воведните резултати кои ги направиле докторите.
Извор: Дерби.мк