14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Героски: На Хоџа со ваков беграунд не му е местото во Влада

  • „Кога Заев беше во опозиција јас имав еден текст а тоа беше првото прашање кое треба да го адресира е името, второто е албанското, третото е прашањето за односите со Бугарија. Кога дојде на власт тој ги отвори горливите прашања и тоа во принцип умните политичари го прават во првата односно втората година од мандатот,“ рече главниот уредник на Слободен Печат Бранко Героски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Премиерот отвори неколку клучни прашања и тоа можеби го дефокусираше од домашните проблеми, додаде тој.

На прашањето за назначувањето на Џезаир Шакири како советник односно соработник за безбедност и анти-радикализам во владата на Република Македонија, г. Героски вели: 

  • Станува збор за една кадровска грешка во изборот на премиерот. Можеби не била погрешна намерата на премиерот од човечки аспект да се згрижи една личност, но сепак мислам дека станува збор за погрешно избрана личност во владата. Човек со ваков беграунд не му е местото таму. Но како што рече господинот Хоџа, па какви се луѓе има во владата, што ми фали на мене, па кога ќе размислам и навистина што му фали на човекот.

поврзани објави

Последни објави