6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Европско однесување на еден политички лидер (ФОТО)

Претседателот на Граѓанско демократската унија-ГДУ Петар Колев преку својот facebook профил соопшти дека денеска бил казнет за сообраќаен прекршок.

„Денеска сообраќајната полиција ме казни со 30 евра во денарска против вредност. Како пешак на булеварот ВМРО во близина на централата на Граѓанско демократска унија-ГДУ во Скопје поради брзање поминав на необележано место за преминување, а не на потребниот пешачки премин, за кое искрено ми е жал и се извинувам. Иако брзав на закажан состанок, уредно си ја платив казната и за жал сепак задоцнив. Сакам да истакнам дека полицајците беа максимално љубезни и професионални. Навистина, јас направив прекршок и затоа оправдано бев санкциониран. Се надевам овој пристап и ефикасност во работењето ќе го следат и другите сектори во рамките на МВР. Јас ги охрабрувам и поддржувам во тоа!“

поврзани објави

Последни објави