„Овој процес сметам дека не се приближува кон неговата завршница. Лошо е што волку круцијално прашање за нашето име и идентитет низ сите овие години со свесна или несвесна политичка одлука стана синекванон услов за нашето членство во ЕУ и НАТО“, вели аналитичарот Александар Генчов во изјава за „Поглед.мк“
Ќе речете дека тоа постојано го барала Грција но една дипломатија требаше и мораше да најде сили овие два процеси барем да ги ублажи ако веќе не успева скроз да ги оддели. Лично сметам дека поради историските гледишта и посебно, борбите што се случуваа по падот на Отоманската империја дека Грција во никој случај не би се согласила оваа историска рамка од нашата историја да го верификува и како наше уставно име на местото Република Македонија. Лично длабоко сум убеден дека единствен пат колку и да звучи наивно за решeние на овој процес е опстанување на името Република Македонија и спој на македонските процеси во заеднички интерес, додава тој.
Инаку, уште при самото соопштување на предлогот од страна на македонскиот премиер Зоран Заев, г-дин Генчов смета дека истиот би бил одбиен и отфрлен од грчката страна, нешто кое се потврди пред само неколку минути.