4.8 C
Skopje
Tuesday, March 18, 2025

Грчката Влада го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“

Грчката Влада го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“.  Само еден час откако премиерот Заев по лидерската средба изјави дека тоа е опцијата која може да биде решение за спорот, од Кабинетот на Ципрас испратија соопштение во кое пишува:

-Го поздравуваме тоа што македонската страна прифати дека не може да има решение без „ерга омнес“, односно за сите употреби. Сепак, ние ги охрабруваме нашите соседи, да продолжиме да работиме заедно за да се најде заемно прифатливо име со географска или временска одредница, како што е предложено од страна на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц.

Само неколку часа претходно Ципрас ги информираше парламентарните лидери и претседателот на Грција за последниот предлог за името, но не доби подршка за „Илинденска Македонија“. Сите опозициски  лидери го отфрлија предлогот оценувајќи дека со него „се зајакнува иредентизмот“.

поврзани објави

Последни објави