23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Косовскиот премиер со обвинувања кон Србија

Премиерот на Косово, Иса Мустафа истакна дека Србија се обидува да направи дестабилизација на неговата земја, пред почетокот на преговори за влез во Европската Унија.

„Случајот со возот неодамна е системска акција од страна на Србија за дестабилизирање на состојбите во Косово. Тие сакаат пред Европа да покажат дека постојат огромни несогласувања помеѓу двете страни“, изјави Мустафа.

На возот, кој од Белград требаше да стигне до северно Косово пишуваше „Косово е Србија“. Сепак, тој воз не влезе на косовска територија, по интервенција на властите во Косово.

Според претседателот на Косово, Хашим Тачи, Србија со го прави „кримскиот модел“, кој се случи во 2014. година кога Русија го анкетираше Крим.

поврзани објави

Последни објави