Граѓаните на Манчестер синоќа се собраа за да ја одбележат со заедничко пеење годишнината од терористичкиот напад во градот кој загинаа 22 лица.
По целодневните комеморативни церемонии, вечерта заврши со масовно пеење на кое учествуваа десетици хорови со околу 2800 членови, но и илјадници граѓани кои беа присутни на плоштадот Алберт во центарот на градот. Притоа беа испеани бројни популарни песни.
Посебно емотивен момент вечерта беше настапот на хорот на преживеаните од нападот, кој ја отпеа песната на популарниот манчестерски бенд Оејзис- „Don’t Look Back in Anger“. Нивниот настап го најави некогашниот фронтмен на бендот Ноел Галагер.
Прочитајте го целиот напис на – ДВ ИЗВОР