Кристијано Роналдо го даде своето мислење околу силните шпекулации за пристигнување на Нејмар во Реал Мадрид, но покрај ова, најголемата ѕвезда на Реал Мадрид во интервјуто за „Ел Чирингито“ говореше и за својата физичка форма која му овозможува да игра на највисоко ниво и на оваа возраст.
Роналдо минатиот февруари наполни 33 години и веќе важи за играч кој е во поодминати фудбалски години, но дефинитивно, неговиот однос на теренот и бројките кои ги остварува ни алудираат на нешто сосема друго и сето тоа е најдобра најава дека Кристијано ќе може да игра на врвно ниво уште неколку години.
Всушност, самиот Роналдо е убеден дека ќе може да понуди многу на фудбалскиот свет до својата 41 година, а како причина за ваквото набедување ги посочи биолошките прегледи кои укажале на тоа дека неговото тело и предиспозициите одговараат на лице кое има 23 години, 10 помалку од неговите 33.
– Веќе во неколку наврати порачав дека ќе се пензионирам на 41 година. Според биолошките испитувања, јас имам само 23 години, не 33, – порачува Роналдо.
Извор: Дерби.мк