4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Клоп може да седне и да плаче: Каков удар за Ливерпул пред финалето!

Полошо од ова не можеше да биде!

За сите навивачи на Ливерпул пристигнаа грозни вести од страна на новинарите кои го следат овој клуб.

Само неколку дена пред најважниот натпревар во фудбалскиот свет, финалето на ЛШ, се повреди еден од најдобрите играчи на оваа екипа Роберто Фирмино. Оваа вест ја потврди новинарот Пол Џус кој ја прати оваа екипа.

Како што пренесува тој, Фирмињо се повредил на тренинг, а во прашање е повреда поради која итно е испратен на дополнителни прегледи, а која го доведува во прашање неговото учество на спектаклот во Киев. Секако, доколку не биде подготвен, тоа ќе биде огромен удар за Ливерпул бидејќи се работи можеби за еден од најважните играчи на клубот кој завршува огромна работа за клубот.
Колку е битен за екипата покажува и самата статистика. До сега во сезоната постигнал 27 голлови и 17 асистенции. Доколку не биде во стартната постава, во напаѓачката тројка би требало да го замени Доминик Соланка кој оваа сезона има постигнато само еден гол.

Сепак, навивачите на Ливерпул се надеваат дека на крајот нивната голема поддршка би требала да стартува на овој натпревар и дека сепак не станува збор за тешка повреда.

поврзани објави

Последни објави