Незадоволен продавач на книги, кој со децении продавал книги на тезги низ центарот на Охрид денес на свеченоста по повод 24 Мај денод на сесловенските просветители Кирил и Митедоиј ги истурил на плочникот книгите кои ги продавал на нелегално поставена тезга, пишува порталот Охрид 1.
Човекот тоа го направил од револт кон градската власт, која вчера и денес спроведува акција за отстранување на тезгите од центарот на Охрид.
Локалната власт најави дека нема да толерира диво поставување на тезги, па со полициска асистенција два дена се отстрануваат диво поставените тезги за продажба на се и сешто, пишува порталот.