На својата официјална facebook страна, претседателот на партијата Граѓанско демократска унија -ГДУ, Петар Колев, ја поддржа идејата Македонија и Бугарија да имаат заеднички амбасади во земјите каде што Македонија нема дипломатски претставништва. Идејата беше објавена денеска од страна на шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева во интервју за Бугарската национална телевизија. Ви го пренесуваме ставот на г. Петар Колев во целост:
„Идејата за заеднички дипломатски претставништва на Р. Македонија и на Р. Бугарија по моделот на скандинавските земји е револуционерна идеја за нашите балкански простори.
Искрено сметам дека идејава треба да биде прифатена поради неколку аспекти:
1. Економски е издржливо и корисно, не гледам зошто МНР на Македонија да не заштеди дел од средствата предвидени за купување или изнајмување на дипломатски претставништва.
2. Праќа јасна порака дека ние балканците се стремиме кон модерни и европски вредности и сме готови да прифатиме функционални идеи кои се спроведени во еден од најразвиените делови на Европа- Скандинавскиот Полуостров.
3. Сметам дека македонската дипломатија ќе испрати јасен сигнал за својата позиционираност, бидејќи на соодветните згради би се вееле знамињата на Република Македонија и Република Бугарија, но заедно до нив ќе се и знамињата НАТО и на ЕУ.“
Идејата за заеднички дипломатски претставништва на Р. Македонија и на Р. Бугарија по моделот на скандинавските земји е…
Posted by Petar Kolev on Friday, May 25, 2018