4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Заев по приемот кај папата: Свети Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Македонија и Ватикан

Длабоко вкоренетата традиција на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања и негување на верските слободи во Република Македонија беше една од темите на денешната средбата на премиерот Зоран Заев со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.

Заев денеска беше на аудиенција кај папата, со кого имаше тет-а-тет средба, а потоа поглаварот на Римокатоличката црква ја прими македонската делегација, која ја предводи премиерот во посета на Ватикан, која се остварува традиционално во рамките на програмските активности на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Во македонската делегација се сопругата на Заев, Зорица Заева, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, државниот секретар гво МНР, Виктор Димовски, советникот на Заев за надворешна политика, Дане Ралески и директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски.

 

За време на аудиенцијата во разговорот, премиерот Заев го изрази неговото лично и високото задолство во името на Владата на РМ од зголемената динамика на билатералните посети и на односите на нашата земја со Светата столица, како што беше историската посетата на државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин во 2016 година, како дел од активностите за канонизацијата на Пресвета Мајка Тереза.

Заев ја повтори отворената покана за папата Франциско во блиска иднина да ја посети Македонија, што би била од исклучителна важност, за унапредување на билатералните односи, како и за регионот.

– Му пренесов на Папата Франциско дека очекуваме да влезат во завршна постапка процедурите за отворање на дипломатска канцеларија, апостолска Нунцитура во Скопје, со што ќе се создадат услови за зајакнување соработката во области од заеднички интерес. Имаме аеднички афирмативни ставови за ликовите кои се дел од нашата заедничко наследство како што се Света Мајка Тереза и Светите браќа Кирил и Методиј, како за силни темели на историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан, истакна премиеротна средбата со папата.

Посебно внимание во разговорот со папата Заев посвети на градењето и негувањето на темелна определба на Република Македонија – Едно општесто за сите.

– Остварувањето на оваа наша заложба е можна само со постигнување целосна слобода на изразување на религијата во духот на мултиетничкиот, мултикултурниот и мултирелигиозен карактер на земјата и со дијалогот и взаемното почитување на разликите, рече премиерот Заев и додаде дека тесната соработка со Католичката црква во Македонија и нејзината конструктивна улога како еден од столбовите на меѓурелигиозниот соживот во нашата земја е еден од најважните фактори за остварување на идејата „Едно општество за сите“.

На средбата со папата и посебно на средбата со државниот секретар на Ватикан кардиналот Пјетро Паролин се разговараше за унапредување на соработката во меѓу Македонија и Ватикан во сферата на библиотекарството, во реставрацијата, конзервацијата и дигитализација на материјали, како во сферата на стручната помош за архивирање и зачувување на религиозни предмети.

 

Посебно беше истакната успешната соработка меѓу Папскиот универзитет „Урбаниана” и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и беше отворена и можноста за професионално образование на медицински персонал од Маккедонија во болниците на Ватикан.

Заев, на средбата на папата му подари реплика од мозаикот, на кој се претставени пауни и елени, како илустрација на 41. Псалм на Пророкот Давид, како најпрепознатливиот симбол на археолошкиот локалитет Стоби, од 5. век.

Папата Франциско на премиерот Заев му подари рачно изработено дело во бронза од мајстор Гвидо Верои на кое симболично е претставена пораката: Светот на солидарноста и мирот е заснован на правда.

поврзани објави

Последни објави