Во финалето во Лига на шампиони, на спротивни страни се фудбалерите, кои важат за фаворити за престижната награда Златна топка. Победникот на Лига на шампиони би бил голем фаворит за ова големо признание. Покрај Лео Меси, нормално..
За помалку од три недели, во Русија ќе започне најголемото фудбалско случување на годината, кое, како и секогаш, ќе ја засени оваа клупска сезона. Иако постои сомневање дека успешната изведба на СП во голема мера го дефинира идниот најдобар фудбалер на светот, тоа не се случи во последните два Мундијала. 1998, 2002, и 2006., Златната топка секогаш ја добиваше фудбалер кој во споменатите години со својот тим го освоил СП – 1998 Зидан со Франција, 2002. Роналдо со Бразил, 2006. Фабио Канаваро со Италија – а во изминатите два случаи, односно во „ерата“ на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, тоа се промени.
2010. година, без оглед на тоа што имаше големи полемики освојува на Златната топка беше Лионел Меси, кој во таа година не освои никакво големо натпреварување – СП (Шпанија), ЛШ (Интер), а четири години подоцна наградата за најдобар фудбалер на свет ја доби Кристијано Роналдо кој пак со Реал Мадрид ја освои Лига на шампиони.
За овогодинешното финале од ЛШ ќе се сретнат двајца фудбалери, кои моментално се во најтесен круг за престижното признание. Кристијано Роналдо е прв стрелец на Реал Мадрид во Лига на шампиони (15 голови), и има прилика по трет пат по ред да ја освои Лига на шампиони, а кога тоа би се случило и тешко да ја изгуби оваа награда. Треба да се спомене фактот дека Роналдо е член на репрезентацијата која е актуелен првак и на Мундијалот има многу очекувања него Египет на Салах.
Од друга страна, сјајниот Мохамед Салах е најдобар стрелец во првенството во Англија, најдобар играч во англиското првенство и на пат до финалето од ЛШ има постигнато десет голови. Ако Салах и Ливерпул ја освојат титулата европски првак, неговата шанса за прекин на 10 годишната доминација на Лионел Меси и Кристијано Роналдо е огромна. Тоа ќе биде за Салах фантасиченуспех и изненаден усех, бидејќи неговиот почеток на сезоната воопшто не беше поврзуван со престижната награда – Златна топка!
Статистичка споредба меѓу Салах и Роналдо
Мохамед Салах ( Ливерпул )
Старост – 25 години
Позиција – десен крилен напаѓач
Број натпревари во сезона 2017/18: 44
Број голови во првенството: 32 (36 натпревари)
Број голови во ЛШ: 10 (12 натпревари)
Број асистенции: 16
Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)
Старост: 33 години
Позиција: Напаѓач
Број натпревари во сезоната 2017/18: 43
Број голови во сезоната 2017/18: 44
Број голови во првенството: 26 (27 натпревари)
Број голови во ЛШ: 15 (12 натпревари)
Број асистенции: 8
https://www.youtube.com/watch?v=ag7G_IwG22Y
ПОГЛЕД.МК