Најдобриот кошаркар на Кливленд Каваљерс и веројатно најдобар кошаркар на денешеницата Леброн Џејмс беше многу скромен откако синоќа ги уништи Бостон Селтик во седмиот натпревар од источната конференција на НБА лигата и својот тим го однесе во ново финале.
Многу сметаат дека Кинг сам ја носи својата екипа на свој грб, но самиот Леброн не сака да го намали својот придонес на соиграчите и уште еднаш одлучи да ги брани од медиумските натписи.
“Луѓето не разбираат дека секој успех во спортот е на тимот, а не успех на поединец. Знам дека јас привлекувам можеби најголемо внимание, без оглед дали победуваме или губиме, но успешни сме поради тимската игра. Тоа го научив од моментот кога почнав да играм кошарка, уште на мои девет години“, рече Леброн и додаде:
Има луѓе кои сакаат да ги убијат моите соиграчи, тоа не е фер спрема нив.