4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ПОВИК ЗА ДОНАЦИИ: Да помогнеме на малиот Филип кој боледува од тумор на мозок

Златното момче од Специјалната Олимпијада, 15 годишниот Филип Петровски чека виза за живот. На својата пет годишна возраст ја добива дијагнозата тумор. Со операција е изваден дел. По десет години потребна е нова операција, но хирургот кој го оперирал заминал во приватна болница. Докторите од неврохирургија на почетокот рекле дека треба истиот да го оперира за потоа да не дозволат конзилијарно лекување.

Семејството нема пари, а сега ниту верба со променливите ставови на докторите. Операцијата во приватната болница чини 7 илјади евра. Без конзилијарно мислење од неврохирургија не може од фондот да обезбедат пари. Секој ден е важен, бидејќи туморот влијае и на центарот за дишење.

Петровски бараат помош за донација. Во семејството работи само таткото на Филип.

Телефонски број за донации

Telecom (Т-мобиле): 070/143-107

One-Vip: 143-470

Донациите може да се дадат на жиро сметка

Стопанска Банка

200001687143884

Томче Петровски

поврзани објави

Последни објави