3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Путин: Очекувам укинување на западните санкции кон Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека очекува постепено укинување на западните економски санкции кон Русија и нормализација на односите меѓу Москва и Западот, јави ДПА.

Сегашните санкции против Русија, ниту не изненадуваат, ниту не плашат, вели Путин во интервју за кинеската државна телевизија, објавено во пресрет на неговата посета на Кина.

Тој во интервјуто оценува дека овие санкции „постепено ќе бидат укинувани“, по што ќе дојде и до нормализација на односите меѓу Русија и западните земји.

– Ќе ги нормализираме односите со сите наши партнери, вклучително и со САД, како и со оние кои и се потчинуваат на Америка и ни воведоа санкции, додава рускиот претседател.

Осврнувајќи се на воведувањето на американските царини за увоз на челик и алуминиум, Путин оценува дека ваквата мерка ќе им донесе загуби на многу земји, додавајќи дека „порано или подоцна таа ќе им нанесе штети на сите, вклучително и на нивниот иницијатор“.

Рускиот претседател нагалсува дека ги поддржува напорите на Кина за намалување на регионалните тензии и за изработка на план за денуклеаризација на Северна Кореја.

Тој во интервјуто ја поздрави најавата за одржување на средбата меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, при што му порача на својот американски колега да го води разговорот „мудро и зрело“.

Путин в петок ќе допатува во тридневна посета на Кина, во чии рамки ќе учествува и на годишниот Самит на Шангајската организација за соработка.

поврзани објави

Последни објави