5.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Фудбалски судии од Македонија и Бугарија разменуваат искуства

Во Петок (20.01.2017) во просториите на централата на Зоналниот совет на Бугарската Фудбалска Федерација се одржала пријателска средба со делегација од Општинскиот Фудбалски Сојуз на град Кочани.Настанот бил по иницијатива на Александар Димитровски кој во моментот е фудбалски судија во Р. Бугариja и член на Надзорен одбор на МБП.

Гостите од Македонија, меѓу кои беа Владо Андов- потпретседател на ОФС- Кочани и координатор на женскиот фудбал на ФФМ, Сашко Ангелов- претседател на судиски актив на ОФС Кочани и Драганчо Димитровски- член на судиската комисија на ОФС Кочани биле лично примени од страна на Претседателот на Зоналнен совет Софија- Валентин Чакров, Кнчо Димитров- претседател на судиска комисија на Зонален совет Софија, Илонка Џалева- Менаџер на судиската фудбалска комисија на Бугарија, Евгени Геров- Секретар на ЗС- Софија, Коце Стоичков- член на судиска централна комисија и Методи Павлов и Александар Димитровски- фудбалски судии од ЗС- Софија.

Целта и идејата на средбата била најнапред да се запознаат претставниците на двете институции и да се разговара за начинот на работа на истите. Ова е прва средба организирана меѓу спортски работници од двете страни на границата.

Средбата поминала во пријатна атмосфера и со безброј идеи за понатамошна соработка и проекти. На крајот, гостите и домаќините си размениле симболични подароци со кое ја потврдија нивната идната и заедничка соработка. На покана на гостите, сега се очекува многу брзо да биде остварена и средба во град Кочани – Македонија.

Здружението за Македонско – Бугарско Пријателство изразува големи честитки за идејата и ги охрабрува претстваниците на двете држави кои се залагаат за остварување на пријателство и соработка во областа на спортот.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави