Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа на Твитер обзнани дека е во план голем ден за националната безбедност, истовремено најавуваќи изградба на ѕид на границата со Мексико.
„Во план е голем ден за национална безбедност. Меѓу многуте работи, ќе изградиме ѕид, објави синоќа Трамп на Твитер, пренесува британски BBC.
Изградбата на ѕидот долг 3. 218 километри долж границата со Мексико беше едно од главните ветувања на Трамп во тек на изборната кампања.
Весникот „New York Times“ објави дека Трамп неделава ќе издаде забрана за издавање визи на лица од Сирија и други исламски земји „склони кон тероризам“.