Светските медиуми, особено оние од Шпанија и Германија, во вторникот ја пренесоа веста дека Крстијано Роналдо ќе се жени.
Најдобриот фудбалер за 2016 година, веќе неколку месеци е во врска со девојка која е целосно непозната за јавноста. Таа работела во продавница на еден ексклузивен светски бренд во Мадрид.
Роналдо ја откри својата нова девојка на 9.јануари кога го придружуваше на церемонијата на доделувањето на наградите на ФИФА за 2016 година во Цирих. Нејзиното име е Геoргина Родригез.