4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Јанкуловска: СЈО исполнува нарачки од СДСМ

Поранешната министерка за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска, се огласи на социјалните мрежи по повод последните истраги на Специјалното јавно обвинителство.

Јанкуловска истакна дека СЈО преку измислени истраги, а без никакви аргументи, се обидува да го сврти вниманието, со цел да ги исполни желбите и нарачките од СДСМ. Таа додава дека СЈО може да отворат милион измислени истраги, кои според како што вели самата таа, се производ на конструкции, без никакви докази и аргументи.

„Соочени со се погласните критики за нивното партиско дејствување, денес од СЈО заради исполнување на желби и нарачки од СДСМ, се обидоа да го свртат вниманието со отворање на измислени истраги без никакви аргументи.
Како по правило, партиските гласила на СДСМ финансирани од СОРОС оркестрирано, во хор се ставија во функција на мегафони, кои не почуствуваа потреба да побараат став од никого од посочените личности и институции.
СЈО може да отворат уште милион измислени истраги што се производ на конструкции, без никакви докази и аргументи. Но, тоа нема да ги направи вистина нивните лаги и нема да ја покрие нивната партиска подреденост кон СДСМ, ниту ќе го компензира недостатокот на професионален капацитет, морален кредибилитет и крајно проблематичен интегритет на Катица Јанева и нејзиниот партиски тим во СЈО“, напиша Јанкуловска.

поврзани објави

Последни објави