11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Дескоска се сретна со претставници на Синдикатот на УПОЗ

Статутот и положбата на вработените во судската и јавнообвинителската служба, потпишувањето на социјален договор со Синдикатот на УПОЗ, како и за измените на Законот за судските службеници, биле теми на разговор на денешната средба на министерката за правда Рената Дескоска со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, Пеце Груевски.

 Моја искрена заложба е посигурно живеење и работење на граѓаните – отворени сме за соработка со Синдикатот на УПОЗ и социјалниот дијалог со синдикатот ќе го подигнеме на повисоко ниво за изнаоѓање решение за отворените прашања, истакнала Дескоска.

За време на средбата, од двете страни била изразена заложба за унапредување на натамошната соработката помеѓу Синдикатот и Министерството за правда во делот на законските измени кои се однесуваат на судските службеници.

поврзани објави

Последни објави