6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ПЕТАР КОЛЕВ: МРШОЈАДЦИТЕ СЕ КОРИСНИ ЗА ЕКОСИСТЕМОТ, НО НЕ И ВО МОМЕНТОВ

Во овие 27 години парламентарна демократија, сведоци сме на неверојатни политички акробации од дузина политичари кои сѐ уште се активни- жилави. Тито Петковски повторно е претседател и постојано се кае што му помогна на Груевски во 2006-та година, Андреј Жерновски цел мандат се мачеше со онаа дивоградба од балкон, Лилјана Поповска, ех Лилјана… си спомува ли воопшто некој на Влада во која таа не е партнер?!

Амди Бајрам, Ѕинго, Авировиќи, „кучиќи,мачиќи…” братски ем сестрински и како што е ред, другарски, будно бдееја и бдеат над нашата благосостојба, достоинство и просперитет. Колку тие бдееја, толку повеќе ни беа потребни медијатори и политички договори.

Си спомнува ли некој кога пред отприлика 8-9 години ги распнаа момците кои го формираа здружението Македонско-Бугарско Пријателство? Сега не можеш до Софија да отидеш а да не се сопнеш на некој од нив- а и ним сличните.

А она „НАТО Ќе пропадне, ЕУ ќе се распадне” – мантрата што ја повторуваа единаесет години?!
Понекогаш ми паѓа на ум дека овој начин на делување има само една цел – да ги одвраќа луѓето да се занимаваат со политика, да бегаат од неа, да бидат недоверливи и песимисти, да го вкоренат убедувањето дека сите се исти! Веројатно тие и ним сличните се исти, за среќа, повеќето од нас се различни.

Мршојадците се корисни за екосистемот, но не и во моментов.

поврзани објави

Последни објави