4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СКОПСКО ЕХО: ЗАРЕМ СО СОЛЗАВЕЦ И ШОК – БОМБИ ЌЕ БИДЕМЕ ВНЕСЕНИ ВО ПОДОБРИОТ ЖИВОТ?

Скопјани со директно прашање:
ЗАРЕМ СО СОЛЗАВЕЦ И ШОК – БОМБИ ЌЕ БИДЕМЕ ВНЕСЕНИ ВО ПОДОБРИОТ ЖИВОТ?

ФОТО СКОПСКО ЕХО

Во неделата, центарот на Скопје ечеше од татнежи на бомби. Пред парламентот скопјани и дру­ги­те македонски граѓани имаа мож­ност да видат и почувствуваат колку е „из­веж­ба­на” полицијата. Униформираните и со разни шлемови и панцири заш­ти­те­ни­те полицајци манифестираа сила, се користеа многу шок-бомби, многу солзавец, оклопни возила кои влегуваа директно меѓу луѓето, апсења… Страшна слика. Чиниш од другата страна беа подмолни терористи…
Насобраниот народ се разбега, ослепен од солзавецот, се бараше по паркот со најблиските…, со оние со кои дошол за да искаже несогласување од договорот со кој нашата држава треба да го смени името Македонија.
Мораше ли вака жестоко да реагира полицијата? Не ли беше видливо дека огромниот дел од насобраниот народ беше мирољубив?
Скопјани се огорчени од она што им го на­пра­ви полицијата и од оние кои издале таква инструкција да се нападнат и постари граѓани, мајки со деца, цели семејства…
– Срамно беше тоа што го на­пра­ви полицијата! Така ли се удира против граѓаните кои протестираат на демократски начин. Не е вистина дека имало голем насилен обид за влегување во Собранието. Имаше туркање на оградата во знак на револт и фрлени факели, но масата на народот не тргна. Бруталната интервенција беше одмаздничка и застрашувачка. Вака ли ќе не носат во ЕУ и во НАТО, со полициска бруталност да не сме­еме ниту да го ис­ка­же­ме нашето несогласување со ме­нувањето на името на државата, ни вели скопјанецот Миле Колевски, кој во неделата бил меѓу насобраните граѓани.
Дека полицијата беше инструирана од полити­ка­та да биде жестока, за ско­п­јани е доказ тоа што ви­соки функционери од владата ги навредуваа про­тес­тантите дека се платеници и психопати.
Беше разочарувачко и депримирачко да се гледа како убаво обле­чени жени се туркаа на фон­та­на­та за да се измијат од солзавецот. А полициските желки и таквите жени ги потиснуваа на одат подалеку од Со­б­ранието.
– Полицијата апсолутно не сме­е­ше да употреби солзавец и шок-бом­би врз граѓани од кои повеќете беа возрасни, мажи, жени, деца! Овој начин што го примени владеачката коалиција е за секоја осуда. Ги шти­тат сопствените позиции со сила. Ние никогаш нема да отстапиме од од­браната на нашиот идентитет, потенцира скопјанецот Љубомир Трповски.
Актерката Арна Шијак беше меѓу повредените од шок-бомбите.
– Седевме во Жена-паркот кога шок бомба падна пред моите нозе. Полицијата ова го направи намерно за да предизвика повреди и страв кај луѓето, пренесе Шијак преку интернет.
И сето ова се направи во моменти кога е ветен почетокот на убавиот живот. А од друга страна имаше и снимка како од редовите на полицискиот кордон се фрла камен кон граѓаните. Кај ста­ра­та Градска болница полицијата при­ве­де повеќе луѓе иако беа сосема мирни. Најсликовита сцена беше ко­га младо момче клечи пред полицискиот кордон и им објаснува зошто не сака да се смени името на земјата, а полицијата како што кажуваат сведоците веднаш го при­ве­дува.
– Не приведоа во полициската станица Автокоманда, во собата мо­же­вме да седиме на смени, беше стра­шно задушливо, имаше вербални обвиненија кон нас, стоеше на „Фејсбук” во едно сведочење на при­ве­ден скопјанец.
Скопјани остануваат убедени де­ка сето ова беше со цел да се вне­се страв и послушност кај народот.
– Ни наметнаа промена на името на државата и насилно се удира врз народот.
Полицијата го нападна македонскиот народ, целта и беше да го растера и застраши. Полицијата беше алатка на политичарите. А прво требаше да се направи референдум дали сме за ЕУ и НАТО, коментира проф. др. Тихомир Стојановски.
Револтираност од постапката на полицијата има и кај оние кои го под­др­жуваат договорот Заев – Цип­рас. Велат, сепак бруталност и солзав­ци не доликува во центарот на Скопје.
За време на протестите како што соопштува МВР и меѓу полицајците имало повредени. Дел од нашите соговорници и тоа исто така го осудуваат и се надеваат дека по­на­таму нема да има такви проблеми.

ЖЕСТОКОСТА НА МВР Е СЕЛЕКТИВНА?
– Дали полицијата ќе биде вака жестока и кон вистинските непријатели на земјата, или како и до сега, кога ќе има протести па дури и пукање, ако во тоа не се вме­ша­ни мирни Македонци, само ќе гле­д­аат од страна? Или дури и по­лошо, за уд­рен полицаец ќе кажат офи­ција­л­но од МВР, дека го удрил пајак, пра­шува Горан З.

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ, НАСИЛИЕТО ДА ГО СНЕМА
Повеќето скопјани со кои разговаравме на темата, имаат страв да зборуваат. Не сакаат да се пре­тстават… и голем дел од нив беа само за тоа, дека вакви ра­бо­ти не треба да се повторат. Ба­раат полицијата да се стави во кон­трола, но не на партии, туку на закон и да знае кои се човековите права. Бидејќи простестите про­дол­жуваат, тие апелираат и на воздржаност од страна на протестантите, велат – полицијата не треба да се провоцира.

Во овој број на бесплатниот неделник „Скопско ЕХО“ може да причитате и повеќе други теми. Еве неколку наслови:

ЌЕ СТАНЕ ЛИ МАЛИОТ КРУЖЕН ТЕК ВО СТАР АЕРОДРОМ СВЕТСКИ РЕКОРДЕР ЗА НАЈСПОРА ГРАДБА?

КОМАРЦИТЕ СО ПОДДРШКА НА ШИЛЕГОВ, САМИ СЕ ТРУЈАТ

поврзани објави

Последни објави