Денеска е одбележана 62-годишнината од раѓањето на траично загинатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски.
– Претседателот Борис Трајковски сонуваше со отворени очи. Неговиот сон за просперитетна Македонија и за Македонија – членка на ЕУ и НАТО, беше сон поткрпен со силна верба во својата родна татковина. За жал, тој сон беше прекинат на 26. февруари 2004. година, кога во авионска несреќа во близина на Мостар згасна неговиот живот, животите на неговите соработници и членовите на екипажот. Македонија беше завиена во црно, останувајќи без својот претседател кој имаше само 48 години, истакна градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.