4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ОФИЦИЈАЛНО: ЕРДОГАН ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ТУРЦИЈА

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прогласи победа во првиот круг од претседателските избори на кои освои нов мандат, но овојпат со извршни овластувања.

Нацијата ми довери одговорност за претседавање и извршни должности, изјави 64-годишниот Ердоган во говор од Истанбул што го пренесуваше државната телевизија.

Тој прогласи и победа на Народниот сојуз, изборна коалиција на неговата Партија на правда и развој и малата Партија за национално движење на парламентарните избори, нагласувајќи  дека имаат мнозинство во Парламентот во кој има 600 места.

– Се надевам никој нема да се обиде да фрли сенка на резултатите и да и наштети на демократијата за да го сокрие својот неуспех, изјави Ердоган.

Ердоган на изборите освои 62,5 отсто гласови, врз основа на 99 отсто преброени ливчиња.

Главниот противкандидат од опозицијата Мухарем Инџе доби 31 отсто гласови.

На парламентарните избори Партијата за правда и развој доби 42,68 отсто гласови додека главната опозициска Народна републиканска партија освои 22,55 отсто гласови. Сојузникот на Ердоган, Партијата за национално движење доби 11,28 отсто гласови. Прокурдската Народна демократска партија освои 10,94 отсто гласови со што надмина цензус за влез во Парламентот.

поврзани објави

Последни објави