3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Сиромашен возач удри во скапоцен автомобил, а неговата реакција по ударот ги расплака и најсилните (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави фотографија од необична случка во една кинеска провинција која ги растажи срцата на корисниците ширум светот. На неа се гледа како трицикл кој врши достава удрил во задниот дел на скапиот Ролс Ројс.

Овој инцидент се случил во градот Гуијанг во кинеската провинција Гуижу. Почетната цена на овој сакпоцен автомобил во Кина е 4.2 милиони јуани, па јасно е дека и најситните поправки се исклучително скапи.

А, според кинескиот закон оној кој ќе удри во задниот дел на друго возило автоматски е виновен за ударот.

Она што дополнително го загрижи возачот на трицикл е тоа што тој не е осигуран, ниту на лично ниту на ниво на компанијата, па мора да ја подмири штетата од сопствениот џеб.

ФОТО

Токму поради тоа фотографијата од трициклистот кој плаче после ударот го растажи и целиот свет, а со плаќањето на на штетата веројатно овој работник ќе банкротира.

поврзани објави

Последни објави