ако што информира на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со законот се дава можност и за тужба за заштита од дискриминација во случаи на јавен интерес кога е засегната поголема група граѓани, и се ослободуваат од судски трошоци граѓаните што ќе поднесат тужби за дискриминација.
– На овој начин се доближуваме до меѓународните стандарди усвоени во ОН и ЕУ, а нашите граѓани добиваат соодветна правна заштита и општество во кое се негуваат различностите и овозможува услови за развој на сите граѓани, рече министерката Царовска.
Согласно новиот закон, има зајакнати критериуми за избор на членови на Комисијата, неспоивост со членство во политички партии и професионален ангажман, што, рече, треба да ја зајакне нејзината работа.
До изборот на нови членови Комисијата за заштита од дискриминација ќе функционира во постојниот состав.