По објавата дека експремиерот Никола Груевски следниот петок, на 6 јули, на Економскиот факултет во Скопје ќе ја брани докторската дисертација, се јави и водителот Миленко Неделковски со тврдење дека докторатот бил украден.
Тој објави статус на својот фејсбук профил во кој вели: „Докторатот“ е направен со преземање (копипастирање, крадење) материјал од истражувањето, анализата и физибилити – студијата нарачана од нашата Влада, платена со наши пари, а изработена од реномирана компанија од Лондон за проектот „Слободна финансиска зона“ што требаше да се лоцира во касарната Илинден“, напишал Миленко.