13.8 C
Skopje
понеделник, ноември 17, 2025

Врховниот суд ја потврди одлуката на Трамп за забрана за влез во САД на граѓани од неколку муслимански земји

Врховниот суд на САД денеска ја поддржа  одлуката на претседателот Доналд Трамп за забрана за влез на граѓани од неколку, главно, муслимански земји.

Со тоа Судот го отфрли приговорот дека забраната ги дискриминира муслиманите или дека претседателот со неа ги пречекорил овластувањата.

Одлуката е донесена со пет гласови „за“ и четири „против“ и претставува прва суштинска одлука на Судот за некоја политичка одлука на администрацијата на Трамп.

Главниот судија Џон Робертс писмено образложи дека претседателите имаат суштинско овластување да ја регулираат имиграцијата и појасни дека со пресудата не се изразува политички став.

поврзани објави

Последни објави