3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Петар Колев се обрати пред групата на европските конзервативци и реформатори

Интегрален текст од излагањето на претседателот на ГДУ, Петар Колев, во рамките на дебатата – Западен Балкан во ЕУ и улогата на Република Бугарија во регионот:

„Ви благодарам за можноста да бидам денеска со вас и да ви се обратам – Им се придружувам на претходните дискутанти кои го оценија мошне позитивно Бугарското претседавање со ЕУ, особено што мојата земја Република Македонија е повторно вратена на дневниот ред во рамките на институциите на ЕУ.

Честитики и до вас г-ѓа Захариева затоа што знам каков напор вложивте да ги убедите вашите колеги, не само Македонија, туку целиот регион да добие јасна и недвосмислена европска перспектива.

Македонија помина низ еден навистина тежок политички период, исполнет со кризи, корупциски скандали, период во кој претходната влада на г. Никола Груевски се повеке ја оддалечуваше Македонија од евроатлантските интеграции…

…Македонското општество, македонските граѓани, очекуваат и заслужуваат сериозен и добронамерен пристап од политичките субјекти во решавањето на прашања кои се од витален интерес на земјата.
Актуелната македонска влада заслужува охрабрување и насочување во релативизирањето на одредени прашања. Како на пример потпишувањето на Спогодбата со Република Бугарија или Договорот со Република Грција.

Ова разбирливо се чувствителни прашања во Македонија и затоа е важен позитивниот сигнал од ЕУ и од нејзините институции, се разбира и од Европскиот Парламент.

поврзани објави

Последни објави