– Убеден сум дека со ново, младо и неискомпромитирано лице на нашата партија, не само што ќе биде загарантирана победата на следните парламентарни избори,туку за краток период ќе бидат навестени и предвремени избори. Се повлекувам убеден во новата победа на ВМРО-ДПМНЕ!
На овој начин екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија Љубчо Георгиевски во својата колумна „Зошто се повлекувам?“ објаснува кои се многубројните причини поради кој тој се повлекува од претседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, притоа оставајќи ја партијата на неговиот наследник Никола Груевски.
– Доста ми е од личности што до ден денес од своите подарени фотелји објаснуваат како станале „политички жртви“ или уште повеќе „Финансиски жртви“ на политиката на Љубчо Георгиевски Едноставно, со сопствен пример сакам да посведочам дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ може да биде послушен партиски војник.
Вториот корпус причини кои произлегуваат од најпрагматичниот интерес, за нашата партија што поскоро да се врати на власт. Тука постојат три неспорни факори. Првиот е меѓународната заедница, која се покажа исклучително значајна за малите земји, односно полупротекторати, како што е Македонија. Тука, сакам да потенцирам дека воопшто не жалам за ставот на меѓународната заедница конмене,но тешко ми паѓа што огромен дел од македонското население се уште не може да сфати поради што е создаден заладениот однос меѓу Георгиевски и меѓународната заедница, и што се уште не може да ја согледа борбата на својот бивш премиер за заштита на националните интереси и меѓународната непринципиелност и неправда.
Се чувствувам како предавник на една визија и сон за Македонија, која веќе за жал ја нема! Никогаш не можам да ја прифатам ОНА, како политичка структура, освен како група на примитивни бандити и криминалци. А без тоа, знам дека нема да добиеме ниту меѓународна поддршк, ниту пак, победа на изборите. Заморен сум секој полуписмен новинар да ми бара отчет каде сум го поминал викендот или психолошки да ме анализира дали се чувствувам како Бугарин, Турчин, ваков или онаков. Доста ми е само со мојата политика новинарите да ја докажуваат својата независност. Решението е конечно и непромисливо! Се повлекувам, убеден во новата победа на ВМРО-ДПМНЕ!
Вака, екс лидерот и основач на ВМРО ДПМНЕ Љубчо Георгиевски во својата колумна „Зошто се повлекувам?“ ги објаснува причините поради кои се повлекува и му ја дава довербата и поддршката на Никола Груевски.
Покрај многуте други визионерски изјави и одлуки на Георгиевски е токму и оваа негова колумна. Неговиот наследник Никола Груевски во 2006 година, само три години по неговото повлекување, ја донесе победата на ВМРО-ДПМНЕ и цели 11 години беше предводник на извршната власт во Република Македонија. И покрај довербата и поддршката од основачот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, Никола Груевски се покажа како непринципиелен во односите меѓу нив двајца, обидувајќи се токму преку медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ да го оцрни ликот и делото на Љубчо Георгиевски за македонската држава.