fbpx
11.8 C
Skopje

Децата без родители денеска уживаа во убавините на Попова Шапка

АКТУЕЛНО

Децата без родители денеска беа на Попова Шапка, каде во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, имаа можност да уживаат во убавините на срежната покривка и природата.

Од УМС информираат дека веќе неколку години наназад го организираат овој проект, со цел да остават насмевка и кај овие деца, кои се згрижени во Домот за социјална грижа за деца „25 Мај“.

„Сакаме да го искористиме овој преубав ден на Попова Шапка, дојдени сме со дечињата од Домот за социјална грижа за деца „25 Мај„ од Бутел, да поминеме еден убав зимски ден со многу скијање санкање и добра забава. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку години наназад го организира овој проект со позитивна енергија, добра мисла со надеж да оставиме насмевка кај овие деца и да оставиме спомени кои ќе ги понесат со себе“, велат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -