Пишува Тодор ПЕТРОВ
ЕУ не донесе одлука со датум за почеток на преговори за пристапување на Македонија во овој сојуз на држави, туку условна препорака за можен почеток на преговорите во јуни или до крајот на 2019 година под услов ако го смениме името на државата и идентитетот на нацијата!
НАТО не донесе одлука за пристапување на Македонија во овој воен сојуз на држави, туку условна препорака ако го смениме името на државата и идентитетот на нацијата!
Во такви фашистички сојузи на држави под вакви расистички услови на нивните бирократии, Македонците не пристапуваат!
Вистината е дека Македонците нема никогаш да го сменат името на државата и идентитетот на нацијата!
Патем, не постои Спогодбата Димитров-Коѕиас без потписот на претседателот на Републиката на Указот за прогласување на Законот за нејзина ратификација. Секое извршно дејство на Спогодба без да стапи Законот за нејзина ратификација е кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и кривично дело самовластие. А рок на извршување, за да стапи во сила, со измени на Уставот заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата, па отпосле и ратификација во Парламентот на Грција е најдоцна до 1 јануари 2019 година! Потоа ништо не важи!
МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ФАШИСТИЧКИ СОЈУЗИ ПОД РАСИСТИЧКИ УСЛОВИ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И…
Posted by Todor Petrov on Wednesday, July 4, 2018