-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Грчкото МНР го искара Заев за употребата на терминот „македонска армија“

Грчкото Министерство за надворешни работи го искара македонскиот премиер Зоран Заев поради тоа што вчера за време на положувањето заклетва на војниците зборуваше за „македонска армија“ која ќе стане членка на НАТО.

Грчкото МНР посочи дека таквата изјава ја нагласува важноста од стапување во сила на Договорот за промена на името кој двете држави го потпишаа во Преспа.

Тоа е, како што велат дипломатски извори, затоа што Договорот експлицитно вели дека агресивното определување на државата, нејзините официјални тела и други јавни ентитети ќе биде во согласност со новото име на државата, односно во овој случај, Северна Македонија.

– Нашето членство во сојузот за вас ќе отвори поголеми можности. Македонската армија со години наназад рамо до рамо со војските членки на НАТО учествува во мировните мисии и добива највисоки оценки. Со учеството во тие мисии растеа и капацитетите на АРМ. Министерството за одбрана и Владата на РМ заеднички работеа напорно за да го вратиме дигнитетот на вашата професија, а минатата година се соочивме со поразителна состојба после застојот во реформите. Но го прифативме предизвикот и за само една година нашата земја го постигна она што никој не можеше да го предвиди. Нашиот пристап кон решенија овие денови ни донесе радосни вести и позитивни одлуки. Една од нив е најавената покана да бидеме 30 членка на Алијансата, рече Заев при вчерашното положување заклетва.

поврзани објави

Последни објави