Кога сте во потрага по вистинскиот, повеќето мажи кои ги запознавате не се покажуваат баш како соодветни за вас. Обрнете внимание на тоа што ви се чини како ситница, а е битно во потрагата по партнер од соништата.
1. Смисла за хумор
Без обзир на тоа колку мажот е привлечен, вашата врска нема да биде долготрајна доколку тој нема смисла за хумор или ако е пресериозен. Мажот кој ве засмејува, ви помага и да ги пребродите некои тешки моменти и да ги сфатите помалку сериозно. Доколку заедно се смеете, ќе ви биде позабавно што и да правите.
2. Маж без предрасуди
Личностите со предрасуди можат да бидат прилично тешки. Да се има мислење е одлично, но маж кој е целосно затворен за нови идеи и туѓи мислења воопшто не е „материјал” за врска. Да се биде во врска со некој кој нема предрасуди значи дека сте со личност која ги прифаќа сите видови на луѓе, идеи и начини на живот.
3. Маж со цели
Мажите кои немаат никакви цели во животот и кои речиси секој слободен момент го поминуваат пред телевизор, пред компјутер, кафуле или кладилница, не може да се наречат мажи. Држете се подалеку од мрзливци. Здрава доза на амбиции е одличен квалитет кој секој маж треба да го поседува. Во спротивно, само се шета изгубено низ животот.
4. Маж со големо срце
Доколку мажот нема дух, без обзир колку и да е згоден или успешен, ќе го нема тоа што ви треба. Мажите со големо срце се внимателни, блиски се со семејството и пријателите, сакаат да помагаат на блиските, чувствителни се и не се плашат од своите емоции. Доколку го пронајдете, не се оддвојувајте од него.