4.8 C
Skopje
Thursday, December 26, 2024

Свекрвата чекала снаата да замине на работа, па скришум на бебето му направила нешто од што мајката збеснала

Дали би дозволиле свекрвата ова да му го направи на вашето бебе, и покрај вашата одречна забрана?

Одречно ѝ забранив на свекрвата да ми го шиша детето

ОДРЕЧНО Ѝ ЗАБРАНИВ НА СВЕКРВАТА ДА МИ ГО БРИЧИ ДЕТЕТО

Жена која се потпишала како Александра58 на форумот Babycenter.com, го изнела проблемот со кој се соочила, а сите жени на таа ситуација бурно реагирале.

– Мажот и свекрвата му ја избричиле главата на нашето дете. Тројцата веќе зборувавме необврзувачки на оваа тема (двајцата ми објасниле зошто е “добро” да се избричи главата на бебето пред околу една недела, и јас бев одречно против тоа).

Вчера кога дојдов од работа дома во собата затекнав ќелаво бебе!

Не знам што мислат дека ќе постигнат со тоа, а и резултатите воопшто не ме интересираат.

Она што ме згрозува е фактот дека тоа го направиле без дозвола и по наведување на неговата мајка. Бездруго сум повеќе од бесна на неа, бидејќи околу Нова година намина кај нас, и не престана да го бакнува детето, иако беше настината.

Сега ќелавото бебенце ми изгледа премногу смешно, а не знам ниту како успеало да ја издржи таа тортура – вели Александра.

Реакциите на другите мајки на форумот биле повеќе од бурни.

Првото шишање е голема работа и за детето и за родителите

ПРВОТО СТРИЖЕЊЕ Е ГОЛЕМА РАБОТА И ЗА ДЕТЕТО И ЗА РОДИТЕЛИТЕ

– Не знам што би им направила да ми го оќелават бебето зад грб, но знам дека не би завршило добро за нив – вели една мајка.

Некои мајки, впрочем, кажуваат дека не им е јасно зошто се вознемирила Александра толку кога тоа е “само коса, и бездруго брзо ќе порасне”.

– Работата е во тоа што подеднакво ме изнервира и мојот сопруг, кој ништо не знае за воспитување на децао, и без да се спротивстави ги слуша застарените мајчински совети, дури и кога ќе кажам дека тоа е глупаво – вели Александра.

– На твое место, јас после тоа би ѝ забранила на свекрвата сама да остане со детето, без твоја контрола – остра е една од мајките.

А што вие кажувате на ова, што би направиле на местото на Александра?

поврзани објави

Последни објави