3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Дај бре престанете веќе со таа политика, зш Германија сме, не сме во Македонија

Здраво почитувани од Галама. Испровоциран сум од еден настан, една дружба која се претвори во кавга, нешто што не е првпат, туку постајано се повторува и затоа ви пишувам.

Живема во Дортмунд, Германија веќе петнаесетина години. Снајдени сме тука, не заработуваме којзнае колку, но доволно за пристоен живот, да одиме на одмор и понекогаш да дојдиме до МК да се видиме со роднините и пријателите. Инаку потекнувам од регионот на Струга, знаете, ние сме печалбари.

Но друго ми е муабетот. Неодамна во нашиот град, МПЦ поставуваше камен темелник за изградба на нова црква. Беше Поглаварот Стефан со уште неколку Владици, убав настан, прекрасно е тоа што ќе се изгради храм. Знаете, нас во дијаспората црквата не спојува, не само од религиозен аспект, туку и од социјален, тоа се моменти за наша дружба, неретко доаѓаат и пејачи од МК кои не забавуваат.

Е токму на ваквите дружби, седенки, како што беше и после споменатиот настан, се случуваат и тие немили сцени и муабети. Исто како кога ќе одите на слава во Македонија, па после неколку испиени пијалоци се развива разговор за политика и тоа оди во недоглед.

Среќни се тие што се дружат со луѓе од други националности, од бившире ЈУ републики. При тие контакти нема такви тешки и бесмислени муабети. Но пусто те тера да се видиш со некој наш, сонародник. Споменатиот ден седнавме четворица во кафеана и после само две – три чашки, почна разговорот. ВМРО-СДСМ, Никола, Зоран, Али. Овој рекол така, овој вака, мојот е во право, твојот е никаков…

Наместо убаво расположение и неделна релаксација од секојдневните работни обврски, негативен набој, нервоза, кавга. За кого? За некого што узурпирал фотеља, си спроведува сопствена агенда за влијани, бизнис, богатење и секојдневно подбуцнува. Ама ми е криво што успеваат и нас во дијаспората да не насскаат. Па размислете бе луѓе, каква врска имаме ние со тоа што се случува долу. Да, не засега, треба да помогнеме ако бидеме повикани за нешто, ама да се расправаме за секојдневните закачки меѓу МК политичарите, навистина нема логика.

И уште нешто што ме револтира и што не е во ред. Одиме на црковни настани, земаме учество во литургија, некој активно живее духовен живот, некој само формално присуствува, но озборувањето на свештениците потоа е навистина грев. Значи една тема се политичарите, друга поповите. Кој сме ние да судиме бре луѓе, оставете, има кој да се грижи за тоа, си има земски и небесни судови. Си правиме само грев, не сте ли свесни.

Фото: Илустрација

Петар П.

Превземено без интервенции и со одобрение од редакцијата на Галама

поврзани објави

Последни објави