„Драга Америко, цени ги своите сојузници, на крајот на краиштата, ги немаш толку многу“, рече Туск по потпишувањето на изјавата за соработка меѓу ЕУ и НАТО.
Декларацијата беше потпишана пред дводневниот самит на членките на НАТО во Брисел, кој почнува утре, на кој Туск и Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, ќе ја претставуваат Европската Унија.
Трамп е гласен критичар на НАТО, кое го нарече средство што европските сојузници го користат за да ја злоупотребуваат великодушноста на Америка и да добијат воена заштита не придонесувајќи финансиски за неа. Таа реторика предизвика страв во Европа дека неделава САД може да соопштат дека го намалуваат своето воено присуство на континентов.