Денес, на селските гробишта во село Ракотинци, беше пограбан Никола Саздовски, Саздо, кој вчера почина по десетдневната борба на лекарите да го спасат неговиот живот.
Претходно утринава, навивачката група комити организираше собир пред западната трибина од градскиот стадион, каде исто така му беше оддадена почит на Саздо. Потоа, поворката организирано се упати кон неговото вечно почивалиште.
Забележително беше присуството на припадниците на МВР по главната улица која води кон Сопиште, како и низ центарот на градот Скопје.