23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Бујар Османи: ДУИ би коалицирала со ВМРО-ДПМНЕ но без функционери кои се под истрага

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, повторно со свој став околу можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во емисијата „200“ на телевизијата Алсат М, истакна дека ДУИ би правела Влада со ВМРО-ДПМНЕ, но без функционерите кои се под истрага на СЈО.

Османи додаде дека доколку ДУИ успее да направи влада со ВМРО-ДПМНЕ, максимално ќе инсистира фигурите кои се под истрага да не бидат дел од извршната власт, односно да не поседуваат никаква државничка функција.

„Јас реков дека се е можно. Можеби ќе се донесе одлука која ќе го прекрши начелото. Јас знам, ние знаеме дека последиците по прекршувањето на начелото ќе бидат многу тешки за Албанците. По другите изборни циклуси, не можам да кажам која одлука ќе доминира за време на овие анализи. Останаа уште три-четири дена, но сметајте дека платформата е услов без кој не се може, албанскиот јазик е услов без кој не се може и конкретно прецизирање на патот на интеграции е услов без кој не се може со која било политичка партија која може да направи влада или ако не, ќе одиме на предвремени избори“, одговори Османи на прашањето на новинарот дали неговиот директен одговор значи дека ова може повторно да биде некаква основа за да се избегне начелото „победник со победник“, за што се залагаше во неделата во интервју за „Гласот на Америка“ на албански јазик кога кажа дека во Македонија се врши притисок за непочитување на Мајскиот договор и принципот според кој „победникот кај албанската заедница го избира партнерот победник кај македонската заедница“.

Останува прашањето дали Никола Груевски би бил дел од можната идна влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, доколку се земе во предвид фактот дека истиот е еден од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се под истрага на СЈО.

поврзани објави

Последни објави