Мерсел Биљали во колумна за Либертас предвидува црно сценарио во опозициската партија доколку не го поддржат референдумот:
“Колкумина од нас знаат што се наши приоритети и реални вредности? Знаеме ли да правиме разлика меѓу доброто и лошото?! Или пак бесценетиот камен го сметаме за обичен камен, а обичниот за бесценет! А потоа каменот да ни се скрши од глава, оти од блиску доаѓа! Референдумот се наближува, а го напаѓаат токму тие кои по секоја логика треба да го бранат.
Вистински патриот (ако сакате и вмровски) е тој што силно ќе поддржи референдум, оти нема друг пат, освен ако како таков не го сметаме пеколниот пат. А за чудо, вмровскиот партиски брод плови без компас во насока на опасни диви води, влечејќи ја државата со себе. А Мицкоски наликува на слеп кормилар кој на патниците им вели дека ги носи кон скриеното богатство, а не гледа дека бродот е стигнат до самиот раб на опасен водопад. Жестокото напаѓање на Договорот води кон реален негов бојкот. Мицкоски да гласа и со златно пенкалце, тоа сепак ќе испадне само тенекија. Тогаш ќе се види кој поради „капитулантскиот“ договор ќе капитулира. Познато е дека оние кои живеат во облаци гледат само магловито. Политиката „против целиот свет“ заврши капитулантски дури и за моќниот Милошевиќ, а најголема цена плати самата Србија. За жал често политичарите си се мерат себеси со утринската сенка, па испаѓаат и нереални, а и опасни. Да стрелате по моќната геополитика која е компатибилна со интересите на земјата е исто како да стрелате во срцето на вашата држава. Тоа не е само магарешки инает пред мостот, туку попрво е свесно пукање по сечија глава за да се спаси нечија глава. Да вршите диверзија врз таквиот меѓународен караван, е како да играте фудбал на минирано поле.
За среќа, поголемиот број граѓани на државата знаат што е вистинскиот пат. Знаат дека друштовото од најмоќните држави и нив ги прави моќни. Несреќник ќе биде тој што ќе поверува во фантазијата дека детонирањето на тој пат е добитна комбинација! Луѓето добро знаат дека зад тоа стои само криминалот. Зад бојкотот стои само бившото криминално водство, антизападно ориентираните структури, малбројни фанатици и незналици.”
Целата колумна прочитајте ја на овде