6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Ида Протугер: Докторатот на Груевски мора да биде разгледан во Обвинителство

“Можам да разберам зошто одбраната на докторатот на Груевски во медиумите и на социјалните мрежи е дочекана со потсмев, бидејќи речиси никој не верува дека докторатот е стекнат со труд, учење и знаење. Но она што загрижува е што никој од надлежните институции ова не го зема како случај на потенцијален корупциски скандал. За мене на пример, поголемо богатство од милиони евра и плац на Водно е докторска титула како врвно достигнување во научната дејност. И пострашно, доколку до неа е дојдено со злоупотреба на службената должност како премиер.

Ако не се позанимава ОЈО со овој случај, не насмеаниот Груевски, туку системот им плука в лице на сите оние кои можеби половина професионален век им поминува додека да успеат да стекнат докторска титула. Или на оние кои се на докторски студии или планираат да докторираат во Македонија.

Сомневањата дека ова е потенцијално голем корупциски скандал се потпираат на неколку спорни моменти во целиот случај.

Прво, во 2013 година, во време кога Груевски е во зенитот на своето владење, донесени се измени во Законот за високо образование кои овозможуваат преполагање испити за да се отвори можност за стекнување во повисоки звања. Во член 113, став 23 од законот стои:

“Универзитет, институт или самостојна висока стручна школа на лица кои оствариле просек од минимум 7,5 од прв и втор циклус по завршување на студиите може на нивно барање да дозволи повторно полагање на одреден број предмети, но не повеќе од пет предмети. Повторното полагање на предметите од ставот 23 на овој член може да се изврши само еднаш”. Со оглед на претходни информации за оценките на Груевски, потребно е да се провери дали ги исползувал овие законски измени. Ако ги исползувал, тоа значи дека како премиер си донел закон од кој ќе има лична корист, односно ја злоупотребил позицијата.”

Целата колумна прочитајте ја на Фокус

поврзани објави

Последни објави