fbpx
10.8 C
Skopje

Ќе има ли средба Нието – Трамп?

АКТУЕЛНО

Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието е во дилема дали да оствари средба со новиот претседател на САД, Донал Трамп. Уште пред повеќе од еден месец, беше закажана средба помеѓу претседателите на двете држави, кој треба да се одржи на 31 јануари.

Сепак, Трамп и натаму тврди дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико, поради што во моментот во САД се наоѓаат министерите за економија и надворешни работи.

„Мексико не верува во никакви ѕидови. И претходно зборував, ќе кажам пак. Мексико нема да плаќа за никаков ѕид. Ги очекувам одговорите од моите соработници, по што ќе знам дали ќе заминам на средба со новиот претседател на САД“, изјави Нието.

САД и Мексико ги разделува граница која е долга 3.200 километри, а 1/3 од неа веќе се заградени. Според експертите, доколку се изгради ѕид како што ветуваше Трамп, тоа би чинело околу 40 милијарди долари.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -