ПОГЛЕД: Господине Пернар. Вие сте исклучително млад борец, а истовремено и контроверзен политичар во Хрватска и на Балканот. По што Иван Пернар се разликува од останатите хрватски политичари?
– По тоа што немам менталитет на слуга, бидејќи сакам слободна и суверена држава за каква сонуваа нашите претци, но за жал нашите современици уште не ја остварија.
ПОГЛЕД: Тврдите дека Хрватска нема корист од членството во ЕУ, а вработените се денеска помал број граѓани пред влезот во Европската унија. Кој е вашата позиција по однос на ова прашање, со одредени бројки и аргументи за хрватската економија пред и по пристапувањето во ЕУ.
– Од влезот во ЕУ нашата држава континуирано пропаѓа во секој смисол, губи и државјани и белегот на државноста. Претворени сме во протекторат на Брисел и лишени од можноста да можеме сами да одлучуваме за нашата судбина. Сувишно е да се разговара за нашата економија во ЕУ, тоа е како да ставите еден зајак и тигар во ист кафез, а потоа да им кажете да се борат со исти правила. Јасно е како зајакот ќе заврши (Хрватската економија и народ).
ПОГЛЕД: Во еден од вашите ФБ статуси тврдите дека медиумите во Хрватска ве бојкотираат бидејќи ја зборувате вистината за ЕУ и НАТО, а како пример го наведувате видеото кое има повеќе од 600. 000 прегледи на социјалнитемрежи , а за кое нема медиум кој во Хрватска би го објавил. Кој според Вас ги контролира овие медиуми?
– Зборовите кои ги упатив до Гинтер Отингер влегоа во историјата, тој говор до сега е прегледан повеќе од 700 илјади пати – тоа беше “вирална бомба“ во буквална смисла на зборот, меѓутоа, сите меинстрим медиуми го игнорираа тој настан, тој мој говор, за нив тоа е како да не се ни случило.
Ако прашате некој новинар зошто се одлучија да го игнорираат тоа, сигурно нема да ви каже “затоа што нам ни е забрането да пренесуваме такви работи“, многу е поверојатно да каже дека тој случај односно настан воопшто не бил интересен.
На вашето прашање “кој ги контролира овие медиуми“ одговорот одамна го даде францускиот филозоф Волтер. Тој рече дека власта во земјата ја има тој кој што не смееш да го критикуваш. Земајќи го предвид фактот дека критиката за Брисел во Хрватска е забранета, односно цензурирана јасно е од кој центар се контролираат медиумите.
ПОГЛЕД: Ги нарекувате НАТО и ЕУ “зло“. Зошто ако НАТО и ЕУ се толку лоши, мнозинството граѓани од Балканот заминуваат да живеат и работат токму во тие европски земји?
– Значаен дел од луѓето од овие простори отиде во земјите членки на НАТО, односно ЕУ. Нивните причини се егзистенцијални, а не апстрактни навики. Едноставно тие дошле до заклучок дека таму ќе имаат подобар квалитет на живот него што би имале доколку останале да живеат на овие простори.
ПОГЛЕД: Вашата партија има цврста поддршка во Хрватска со повеќе од 11 посто. Кој е причината за растот на рејтингот на вашата партија?
– Може да се каже дека имаме континуиран раст веќе со месеци, а причината за тоа што е нашите граѓани видеа дека ја говориме вистината во време на лаги и дека и сакаме само добро на нашата земја.
ПОГЛЕД: Велите – сакаме да и дадеме шанса на ЕУ да се реформира, но гледаме дека едноставно тие не прифаќаат политика во која нејзините членови ќе бидат суверени. Дали евентуално излегување од ЕУ ќе донесе неповолна екоомска позиција на Хрватска?
– Станува збор за класична замена на тези, ние се наоѓаме во неповолна економска позиција токму поради членството во ЕУ, односно поради односот на слугување кон истата.
ПОГЛЕД: Македонија конечно донесе одлука за деценискиот спор за името со јужниот сосед Грција. Договорот е потпишан, граѓаните допрва треба да го кажат своето на референдум т.е дали членството во ЕУ и НАТО е доволна причина за поддршка на промена на името на земјата на референдум. Како ова сензитивно прашање е коментирано во Хрватска, имајќи го во предвид фактот дека овој спор има огромно влијание не само на две земји, туку и на целиот регион?
– Македонија не е суверена држава, како таа ќе се вика е прашање за филозофска расправа од која нејзините државјани, граѓани нема да имаат никаква корист. Меѓутоа, таа расправа јасно покажува колку Вие сте неслободни, земајќи го предвид фактот дека не можете самите на себе ниту име да си одберете, туку за тоа барате согласност од други.
ПОГЛЕД: Кое е вашето мислење, дали и други членки ќе го следат Брегзит, и доколку е можна таква алтернатива, како тоа ќе влијае на ЕУ?
– Мислам дека ќе го следат. ЕУ е потресена од доаѓањето на популисти на политичката сцена. ЕУ беше прикажувана како некоја ексклузивна организација, со излегувањето на Велика Британија, она тоа веќе не е.
ПОГЛЕД: Верувате ли во проектот “Голема Албанија“ и може ли да тој да биде реалност во иднина?
– За проектот „Голема Албанија“ најзаслужни се политичарите од соседните земји на Албанија кои не прават ништо да Албанците кои живеат во нив, да почувствуаат дека имаат корист од припадноста во нивната земја. Ако политиката на некоја држава е насочена против нејзините граѓани, па со самото тоа и против Албанците кои во неа живеат, сепаратизмот е логична последица.
ПОГЛЕД: Како народен претставник односно пратеник од држава која е дел од европското семејство и член на НАТО, што ќе ги советувате македонските политичари, нормално, и нејзините граѓани?
– Борете се против системот кој долго време го поробува целиот свет, борете се против должничката доктрина која и вашата земја ја држи во должничко ропство. Парите како долг се најголемиот непријател на човековата слобода.