3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Најава за интервју со Иван Пернар – хрватски пратеник и најконтроверзен млад политичар на Балканот

Порталот ПОГЛЕД.МК летово на читателите ќе им понуди повеќе интервјуа со млади политичари од Балканот, од Бугарија, Србија, Хрватска.

Првото интервју е со младиот борбен хрватски пратеник кој е анти-НАТО и анти-ЕУ ориентиран, еден од најконтроверзните млади политичари на Балканот, Иван Пернар.

Со господинот Пернар разговараме на повеќе теми, вклучително и за договорот за промена на името на Република Македонија.

– Македонија не е суверена држава, како таа ќе се вика е прашање за филозофска расправа од која нејзините државјани, граѓани нема да имаат никаква корист. Меѓутоа, таа расправа јасно покажува колку Вие сте неслободни, земајќи го предвид фактот дека не можете самите на себе ниту име да си одберете, туку за тоа барате согласност од други, вели г. Пернар во интервју за „Поглед.мк“

 

Целото интервју ќе биде објавено во текот на утрешниот ден.

поврзани објави

Последни објави