13.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Билал Касами се сретна со амбасадорот на Албанија во Скопје

Денес претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами, се сретна со амбасадорот на Албанија, г. Фатос Река во седиштето на БЕСА во Скопје.

Оваа средба како што велат од БЕСА е продолжение на пријателскиот дух односно на меѓусебното информирање на политичките претставници на земјата. По тој повод, претставниците на БЕСА го повториле својот став дека се целосно посветени на тоа земјата да излезе од политичката криза, да се врати на агендата за евроатлантските интеграции, нагласувајќи дека платформата на „редефинирање“ е идеално политичко решение.

И двете страни се согласиле дека ваквите средби со пријателски и позитивен дух треба да продолжат и во иднина.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави