Претседателот на Мексико, Enrique Peña Nieto , денеска изјави дека неговата влада ја информирала Белата куќа дека тој нема да присуствува на состанокот со американскиот колега Доналд Трамп, што беше закажан за 31 јануари.
„Утринава ја информиравме Белата куќа дека нема да присуствувам на работниот состанок, што беше закажан за вторник со Трамп. Мексико ја повторува својата подготвеност да соработува со САД во постигнување договор, од кој корист ќе имаат двете земји“, наведе Пења Нието на својот налог на Твитер.
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и Енрике Нието требаше да се сретнат следната недела, 31.01, во Вашингтон за да разговараат за прашањата на трговијата и миграцијата.
Трамп претходно денеска му порача на мексиканскиот претседател дека треба да ја откаже претстојната посета на Вашигтон доколку Мексико одбие да ја плати изградбата на ѕидот долж границата на двете земји.
„Доколку Мексико не е подготвен да плати за потребниот ѕид, тогаш подобро ќе биде да се откаже претстојниот состанок“, наведе Трамп на својот налог на Твитер.