20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Јануарска терапија

Ме буди јануарскиов ладен воздух..
Утринска магла..
Со мртви фаци наоколу..
Без енергија..
Без страст..
Без посебни пригоди..
Остај празнициве..
Поминаа..
Ги завршив гоблените..
Полни со карикатури..
Полни со искривени фаци..
Ко неисправени линии..

Нејасни и тмурни..

Одам полека по мразов..
Пробувам да се лизнам чат-пат..
Ми успева..

Да не се искршам..

Ја вадам левата ракавица..
Палам цигара..
И на третиот дим..
Прстите умираат..
Добро де..
Смрзнуваа..
Хибернираат..

Додека не ги згрижам..

Не барам од тебе да ме згрижиш..
Не барам од тебе да ме загрееш..
Не барам од тебе да ми помогнеш со гоблените..

Не ми треба таква твоја помош..

Дојди да те влечам по снегов..
Ко цреп да се искршам пред тебе..
И да те пукнам од смеење..
Дојди навечер..
Со ведрово небо ќе нацртаме линија..
Линија на небото за нас..
Со цигара..
И на ваков свеж снег..
Да легнеме во линија..
Со главите една до друга..
Јас ќе запеам..
Пошто ќе ми рикне телефонот..
И ти да ме заќутиш..
Ќе ме удриш со снег..

Така лежејќи..

Ќе те погледнам таков..
Ко снешко у фацата..
Ќе се насмееш..

И се ќе биде во ред..

Ја сеуште живеам на иста адреса..
Онаа кај што ме довезе..
На тепихот..
Од Аладин..

Оној што мораше да го истресеш за да запали..

Ме истресе и мене..

Затоа сега не се гасам..

Да ти кажам онака искрено..
Не ни сакам..

поврзани објави

Последни објави