6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

УНИЦЕФ: Стотици илјади деца ќе умрат од глад во Нигерија

Десетици илјади деца во Нигерија се загрозени од смрт оваа година, ако светот не превземе никаква акција, предупредува УНИЦЕФ при ОН. Нарекувајќи ја ситуацијата како најслабо финансирана и длабока хуманитарна криза во светот, УНИЦЕФ алармира дека терористичките бунтови на радикална нигериска исламистичка секта „Боко Харам“ оставиле во земјата повеќе од 400. 000 деца со сериозен степен на неухранетост и потреба од итно медицинска помош. Со други зборови, Нигерија ќе треба да се справи со смртта на 240 мали деца секојдневно.

Конфликтот во Североисточна Нигерија доведе до тоа 1,7 милиони луѓе да ги напуштат своите домови, да живеат во друга заедница или бегалски камп во рамките на некоја друга земја. Недостатокот на финансии пак доведе до нивната неспособност да вршат земјоделска дејност, со која може да се прехранат, додека сега немаат друг избор освен да гладуваат.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -